Rıyaz Khalıq
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Кина е втор најголем производител на полето на одбраната во светот, покажува новото истражување на шведски центар за одбрана и оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (SIPRI) собрал податоци за износот на продажбата на оружје на четирите најголеми кинески компании за оружјеза периодот од 2015 до 2017 година.
„Ако четирите кинески компании за оружје беа вклучени во низата први 100 компании [2017], сите тие ќе се рангираа меѓу првите 20, со комбинирана проценета продажба на оружје во износ од 54,1 милијарда долари“, се вели во соопштението на СИПРИ.
СИПРИ Топ 100 е годишно рангирање на најголемите 100 светски компании за производство на оружје и пружање воени услуги во светот. Кинеските компании за оружје досега не беа на листата, како резултат на недостигот на транспарентност, како и поради недостигот на податоци.
„Кина е втор по големина производител на оружје во светот, по САД, но пред Русија“, се вели во соопштението.
Но, поради недостигот на информации, износот на продажбата на оружје на кинеските компании или е непознат или е тешко да се процени.
Истражувањето на СИПРИ на таа листа стави четири кинески компании кои покриваат три сектори на производство на конвенционално оружје, меѓу кое и аеровселенски, електронски и копнени системи.
„Три од [кинеските одбранбени] компании би се рангирале во првите десет во светот [2017],“ се додава во соопштението.
СИПРИ ја издвојува Кинеската корпорација на авијациската индустрија (AVIC) како најголема од четирите компании. Корпорацијата реализира продажба од 20,1 милијарда долари и би се рангирала на шестото место во светот.
Слично, корпорацијата „Норинко“ реализира продажба од 17,2 милијарди долари, за која СИПРИ вели дека е најголем производител на копнени системи во светот.
Институтот наведува дека овие податоци можно е да се потценети: „Недостигот на транспарентност во износот на продажбата на оружје на кинеските компании продолжува да го попречува целосното разбирање на кинеската индустрија за оружје.“