Beyza Binnur Dönmez
15 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Иран денес упати критики за овонеделната Конференција за Блискиот Исток, бидејќи била лишена од донесување одлуки и почит, велејќи дека недостатокот на регионалните клучни играчи значи дека таа може само да пропадне, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој од оние коишто донесуваат одлуки во регионот не присуствуваше на Конференцијата во Варшава“, изјави портпаролот на иранското Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми.
„Конференција без учество на главните играчи во регионот, како што се Турција, Ирак, Либан, Палестина, како и Кина и Русија, не може да биде успешна“, додаде тој.
Според официјалната иранска новинска агенција ИРНА, Гасеми, исто така, изјавил: „Од една страна, САД организираат мир и безбедност на Конференцијата за Блискиот Исток, а од друга страна ги поддржуваат терористите во регионот, зголемувајќи ја безнадежноста, сиромаштијата и војната меѓу народите во регионот“.
- Конференција за Блискиот Исток
Состанокот, со учество на 60 земји, беше со цел да се дискутира за мирот и безбедноста на Блискиот Исток, борбата против тероризмот и ракетниот развој и ширењето.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вчера го обвини Иран дека има „штетно влијание“ на Блискиот Исток, тврдејќи дека соочувањето со Техеран е неопходно за мирот и стабилноста во регионот.