Mustafa Melih Ahıshalı
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - По повод борбата против империјализмот во Иран, пред американската амбасада во Техеран беа одржани протести, јавува Anadolu Agency (AA).
Четврти ноември во Иран се слави како Ден на студентите.
За потсетување, на 4 ноември 1978 година, против режимот во Техеран беа организирани масовни студентски протести коишто беа задушени во крв. Токму поради тоа, по победата на Исламската револуција тој ден се нарекува Национален ден на борбата против империјализмот.
По овој настан, беа прекинати дипломатските односи меѓу двете земји.
На протестите по повод 37-годишнината од окупацијата на амбасадата на САД учествуваа голем број ученици од основните и средните училишта.
Демонстрантите извикуваа слогани против САД, Велика Британија и Израел, и ги запалија знамињата на овие земји.