Ekipa
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (AA) - Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес изјави дека нема да има повторни преговори во врска со договорот меѓу Иран и светските сили за иранската нуклеарна програма, пренесува Anadolu Agency (AA).
Арагчи на конференцијата за медиуми, по повод одбележувањето на првата годишнина од спроведувањето на договорот, изјави дека новата американска администрација на чело со Доналд Трамп не може да го напушти договорот.
Трамп во текот на претседателската кампања го критикуваше нуклеарниот договор ветувајќи дека за него повторно ќе преговара. Меѓутоа тој не ги прецизираше своите планови откако е избран за нов претседател на САД.
Арагчи потсети на поранешните предупредувања на иранскиот врховен водач ајатола Али Хаменеи, кој јавно изјави дека „доколку другата страна го прекрши договорот, доколку го искинат договорот, ние ќе го изгориме“.