Ali Cura
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
КИЕВ (АА) - Во акциите во источна Украина загина еден, а повредени се тројца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Канцеларијата за борба против тероризмот при Министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник изјави дека проруските сепаратисти ги нападнаа украинските единици во источниот дел на земјата.
Mотузјаник укажува на пораст на нападите со големо наоружување и дека сепаратистите на сите фронтови го кршат примирјето.
„Во операциите во последните денови загина украински војник, а тројца беа повредени“, изјави Мотузјаник.
На состанокот во Минск, Белорусија, по повод Божиќ на 24. декември, беше одлучено во источниот дел на Украина да биде воспоставено примирје.