Muhammet Kurşun
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, изјави дека е постигнат забележителен напредок на преговорите за нуклеарната програма одржани во Виена и дека се чека политичката одлука на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хатибзаде на прес-конференцијата одржана во зградата на Министерството за надворешни работи во главниот град Техеран се осврна на нуклеарните преговори во Виена, главниот град на Австрија, кои се прекинати на одредено време.
Наведувајќи дека има некои нерешени прашања во врска со укинувањето на санкциите и давањето на гаранции на Иран кои ги бараше за време на разговорите, Хатибзаде додаде:
„Постигнат е забележителен напредок во последните три недели во однос на укинувањето на санкциите, нуклеарните обврски, верификацијата и гаранцијата. Очекуваме Вашингтон да ги извести земјите 4+1 за својата политичка одлука.“
Хатибзаде, барајќи да се преземат основни чекори во врска со верификацијата и гаранцијата, рече: „Ги советуваме САД да не бараат повеќе од тоа што е во нуклеарниот договор. Нема да прифатиме ништо помалку од тоа што е во нуклеарниот договор. Ако биде така, брзо ќе можеме да постигнеме траен договор.“