Ali Rezzakoğlu
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелски воени авиони извршија ракетен напад утринава во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, јави сириската државна новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелскиот непријател покрена воздушна агресија со серија проектили источно од Бејрут, гаѓајќи некои точки во близина на Дамаск“, објави САНА, повикувајќи се на воен извор.
Изворот истакнува дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала проектили и соборила неколку од нив.
Воениот извор потврди дека во нападот е предизвикана материјална штета, но не објави повеќе детали.
Израелските власти не ги коментираа овие наводи.
Израел со години гаѓа позиции на силите на иранскиот и сирискиот режим во Сирија и ретко презема одговорност за нападите.