Muhammet Kurşun
03 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот врховен лидер Али Хамнеј од Саудиска Арабија побара да се осигура безбедноста на аџиите без да се формира „безбедносно ориентирана полициска средина“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Канцеларијата на Хамнеј, иранскиот лидер се состанал со официјалните лица задолжени за организацијата на аџилак и умра во земјата и се осврнал на безбедноста на иранските аџии.
Хамнеј, повикувајќи ја Саудиска Арабија да ја осигури безбедноста на кандидатите за аџии, нагласи: „Властите на Саудиска Арабија, без да формираат безбедносно ориентирана полициска средина, да ја осигураат безбедноста на аџиите, притоа штитејќи го нивното достоинство“.
Хамнеј, критикувајќи ги мислењата дека аџилакот не треба да се политизира, рече: „Аџилакот е политичко прашање“.
Барајќи од иранските кандидати за аџилак да се приспособат на значењето и важноста на аџилакот, Хамнеј додаде дека аџилакот треба да има позитивни рефлексии од социјален, политички и морален аспект.