Muhammet Kurşun
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 30.370, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 252 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 30.370.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 3.890 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 530.380.
Според Лари, 4.744 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 427.400 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.511.154 тестирања за Ковид-19.