Muhammet Kurşun
23 Февруари 2020•Ажурирај: 23 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди подрачјето на Котур, што се наоѓа во иранската западна покраина Западен Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Сеизмолошкиот центар при Универзитетот „Техеран“, епицентарот на земјотресот, што се случи во 09:22 часот по локално време, бил во подрачјето на Котур.
Се наведува дека земјотресот со јачина од 5,7 степени се случил на длабочина од 6 километри.
Сè уште нема изјава за тоа дали има жртви и материјална штета во земјотресот.