Bilal Güler
18 Април 2021•Ажурирај: 18 Април 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди иранската југозападна покраина Бушехр, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот на Техеран.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Гуневе, а се случил во 11:11 часот по локално време.
Според првичните сознанија, како резултат на земјотресот е повредено едно лице, а некои куќи се оштетени.
Земјотресот, што бил со јачина од 5,9 степени, се случил на длабочина од 10 километри.
По земјотресот имаше и 7 други последователни земјотреси, од кој најмоќниот бил со јачина од 4,5 степени.