Mustafa Melih Ahıshalı
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Али Рабиеи, портпаролот на иранската Влада, ги негираше тврдењата на пратеникот од Ком, Ахмад Амирабади, дека 50 лица во Ком починале од новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вчера од последици на заразата со коронавирус починаа четири лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 12. Наводите дека во Ком од коронавирусот починале 50 лица се лага“, рече Рабиеи на конференцијата во Техеран, јави порталот „misanonline“.
Утринава министерот за здравство на Иран, Саед Намаки, во извештајот до Парламентот соопшти дека бројот на починати е зголемен на 12, а бројот на заразени на 47 лица.
Сепак, пратеникот во иранскиот Парламент, Ахмед Амирабади, од Ком, жариштето на коронавирусот во Иран, рече дека министерот за здравство го лаже народот и дека во Ком во последните две недели од коронавирусот починале 50 лица.