Haydar Hadi
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
БАГДАД (АА) – Ирачката шиитска милиција, Хашди Шаби, започна операција на заподот на Мосул за ослободување од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Воената медиумска мрежа, која припаѓа на министерството за одбрана на Ирак, изјави дека Хашди Шаби започна операции против ДЕАШ, на западот од Мосул. Во изјавата стои дека, милициските сили учествуваат во оваа операција.
„Операциите на Хашди Шаби во западен Мосул започнаа наутро. Во оваа операција учествуваат сите единици поврзани со Хашди Шаби“, изјави армискиот портпарол на организацијата Асаиб Ехлилхак, која припаѓа на шиитската милиција, Џеват Тилебави и додаде дека, го превземале селото Тел Тиба од ДЕАШ.
Во изјавата на движењето Бедир, кое исто така припаѓа ан Хашди Шаби, се вели дека, милицијата го ослободила патот помеѓу областа Ајн Наср и селата Хамам ел-Алил и Елбу Хамад, на југозападот од градот.
Сунитите во Ирак, не сакаат да и се придружат на шиитската група Хашди Шаби, која која според нив, претходно ги има прекршено човековите права врз цивилите и може да изврши освета во Мосул, поради што се загрижени.
Претседателот на Ирак, ХАјдар ел-Ибади на 17. октомври објави дека започнува операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ.