Omar Alothmani
13 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Ирачкиот Парламент го започна тајното гласање за избор на нов претседател, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според ирачката официјалната новинска агенција, Одделот за медиуми на Претставничкиот совет, како што е официјално познато, изјавил дека започнало тајното гласање за избор на претседател на Републиката.
Претседателот на Парламентот, Мохамед ал Халбуси, претходно денеска повика на шеста седница на Парламентот за избор на претседател.
По седницата, секторот за медиуми го објави дописот до спикерот на барањето за повлекување на претседателските номинации на Ребер Ахмед и Омар ал Барзанџи.
Ирачките политички партии не успеаја да се договорат за избор на нов претседател и премиер по општите избори одржани оваа недела пред една година.
Последниот претседател, Бархам Салих, поднесе оставка во декември 2019 година.