Haydar Hadi
26 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар Ал Абади, ги повика ирачките сили кои учествуваат во операцијата на ослободување на Фалуџа, за време на акцијата да ги разликуваат терористите на ДАЕШ од локалното цивилно население, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Ал Абади и челникот на ирачкиот парламент, Селим Ал Џубури, го посетија Командниот центар за операции во Фалуџа и во таа пригода нагласија дека цивилите во тој град мора да се заштитат за време на нападите на терористите, кои веќе две години го контролираат тој град во покраината Анбар.
Шефот на ирачката влада, Ал Абади ги повика приврзаниците на движењето Садр на чело со Муктед Ал Садр, поради актуелната криза да ги пролонгираат масовните протести поради корупциите кои се најавени за утре.
И челникот на ирачкиот парламент, Ал Џубури, истакна дека операцијата во Фалуџа не е насочена против тамошното население, туку против терористите на ДАЕШ.
Ирачките сили составени од војската, полицијата, шиитската полиција и сунитските племенски сили нa 23-ти мај започнаа операции за ослободување на Фалуџа која од летото 2014 година ја контролираат терористите на ДАЕШ.
Иако ирачките сили се обидоја да ги отворат коридорите за евакуација на цивилите, во Фалуџа и понатаму останаа голем број жители кои би можеле да се најдат во средиштето на судирите помеѓу ирачките сили и терористите. Коалициските воздушни сили предводени од САД ја поддржуваат операцијата на ирачките сили и вршат напади на терористичките позиции.
Ирачките власти најавуваат дека по ослободувањето на Фалуџа ќе започнат и со акција на ослободување на Мосул, вториот најголем ирачки град кој е исто така под контрола на ДАЕШ и се смета за главно средиште на организацијата во Ирак.