Mahmoud Barakat
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Според месечниот извештај на Мисијата на ОН (УНАМИ), најмалку 867 лица загинаа а 1.456 се повредени во месец мај, во континуираните насилства ширум разорениот Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен вчера, се наведува дека бројот на минатомесечни жртви вклучува 468 загинати и 1.041 повредени цивили.
Според извештајот, 267 загинати и 740 повредени цивили се пријавени само во главниот град Багдад.
Според УНАМИ, изминатиов месец ширум целата земја се случиле 741 смртни случаеви и 1.374 лица беа повредени.
Последниот извештај не ги вклучуваше жртвите забележани во западната покраина Анбар, местото на жестоките борби помеѓу ирачката армија и нејзините сојузници и терористичката група ДАЕШ во и околу градот Фалуџа.
Ирак се наоѓа во безбедносен вакум уште од средината на 2014 година, кога ДАЕШ го презеде северниот град Мосул пред да заземе дополнителни територии во Ирак и во соседна Сирија.