Ekipa
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Опозициските сили во источниот дел на Алепо, кој е цел на нападите режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите поддржувачи, се повлекоа од неколку подрачја врз кои имаа контрола. Сега речиси 100.000 цивили се збиени на територија од 8,6 квадратни километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од Алепо јави дека по нападите што почнале околу полноќ, опозициските сили се повлекле од населбите Шеик Саид, Фирдеус и Салихин.
Со тоа, територијата контролирана од силите на опозицијата во источниот дел на Алепо е намалена од 15 на 8,6 квадратни километри.
Наџип Ансари од цивилната заштита на Алепо за АА испрати аудиоснимка во која истакнува дека многу луѓе од територијата контролирана од опозицијата заминуваат во подрачјето под контрола на режимските сили.
„Вчера преминаа околу 2.000 луѓе. Во Алепо под опсада живеат 100.000 цивили. Живеат во екстремно тешки услови. Нема храна, вода ниту електрична енергија“, рече Ансари.
Додека еден дел од цивилите остануваат во деловите што ги презедоа режимските сили, војската на Асад на им дозволува на другиот дел од цивилите на некој начин да го напуштат подрачјето. Сепак, неизвесно е каде се носат овие семејства.
Цивилите што остануваат во деловите под контрола на режимските сили чекаат основнa гаранција дека животот нема да им биде во опасност, машките лица да не бидат приведени и присилно регрутирани, дека ќе им биде дозволено да одат во безбедните зони и членовите на семејството да не бидат одвојувани едни од други.
Во воздушните и копнените напади на асадовиот режим и неговите приврзаници, што започнаа на 15 ноември, загинаа 991, а ранети се илјадници цивили.