Barış Seçkin
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, истакна дека ќе даде оставка од премиерската функција, јавува Anadolu Agency (AA).
Италија помина низ политичка криза откако вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, упати апел за предвремени избори, и поднесе гласање за недоверба на актуелната Влада.
Тензиите во коалицијата меѓу десничарската партија на Салвини, и популистичкото движење Пет ѕвезди (M5S) се зголемија поради проект за инфраструктура, кој вклучува брза железничка линија со Франција.
Двете страни се обвинуваат едни со други за длабоките поделби во коалицијата, нешто што го поттикна Салвини да бара нови избори.
M5S и партијата на Салвини формираа коалициска Влада на 1 јуни 2018 година, под водство на премиерот Џузепе Конте.