Dmitri Chirciu
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека терористичките организации контролирале 50 отсто од Идлиб, а сега контролираат 90 отсто, и дека нивните напади продолжуваат од сите места каде што се наоѓаат точките за набљудување, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Гана, Ширли Ајоркор Бочвеј, одржана по нивната средба, се осврна на ситуацијата во Идлиб, Сирија.
Истакнувајќи дека терористичките организации досега контролирале 50 отсто од Идлиб, а веќе сега контролираат 90 отсто, Лавров рече: „Нападите продолжуваат и од сите места каде што се наоѓаат точките за набљудување.“
Тој, исто така, истакна дека руските воени единици се наоѓаат во деескалационата зона во Идлиб и дека делуваат заедно со сириската војска.
Лавров, потсетувајќи дека турските точки за набљудување биле претходно формирани, рече дека не можат да се спречат провокациите на терористите.
Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, тврдејќи дека терористите постојано ја напаѓаат воената база на Русија во Химејмим, рече: „На Турција ѝ дадовме информации дека ќе бидат уништени милитантите во Идлиб. Руската и Турската армија ги продолжуваат контактите во врска со ситуацијата.“