Associated Press
16 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) - Владата на Британија би требало денес да одржи итен состанок за планот како одговор на топлотниот бран откако власта го издаде првото „црвено“ предупредување за екстремни горештини во почетокот на следната недела, известува Агенција Анадолија (АА).
Предупредувањето се однесува за поголем дел од Англија за понеделник и вторник, кога температурите за првпат би можеле да достигнат 40 степени Целзиусови, што претставува опасност за сериозни болести, па дури и смрт на здрави лица, предупреди вчера метеоролошката служба на Велика Британија. Температурниот рекорд во оваа земја е поставен во 2019 година и изнесува 38,7 степени Целзиусови.
На патниците во железницата и корисниците на лондонското метро им се советува да не патуваат во понеделник и вторник, освен ако тоа не е неопходно. Имајќи предвид дека децата и постарите лица се сметаат за особено осетливи на високите температури, училиштата и домовите за стари лица се повикани да преземат мерки за нивна заштита.