Hakan Çopur
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Од октомври месец досега во САД од грип животот го загубија 53 лица, меѓу кои се наоѓаат и 16 деца кои починаа последнава недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Центрите за контрола на болести и превенција на САД во својот неделен брифинг соопштија дека во последните 7 дена на ниво на цела територија на САД од грип починале 16 деца. Заедно со последните смртни случаи, од октомври мината година досега во САД од грип починале 53 лица.
Заменик претседателот на Центрите за контрола на болести и превенција на САД, Ен Шучaт инфорираше дека според статистиката на болниците, во изминатиот периoд забележан e најголем прием на болни од грип, од 2010 година.
Во соопштението се наведува дека е забележана голема распространетост на вирусот H3N2, кој предизвикува различни компликации, забележана е хоспитализација на заболените, а има и случаи кои завршиле со смрт.
Официјалните претставници соопштија дека владата на САД, во борбата против грипот преземала превентивни мерки на повеќе полиња, но се истакнува дека секој самостојно и во рамките на своето семејство треба да се однесува претпазливо во превентивната заштита од грипот.