Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
04 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ИДЛИБ (AA) – Ослободителна војска на Сирија (ФСА) го собори денеска рускиот воен авион Су-25, во околината на сирискиот град Идлиб, потврдено е од Министерството за одбрана на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од руското министерство е наведено дека е соборен рускиот авион Су-25, кој леташе над регионот на деескалациската зона на судири во Идлиб.
Нагласено е исто така дека пилотот успеал да излета пред да биде соборен авионо, но потоа загинал, во судир во кој влегол во регионот кој го контролира Ал-Нусра.
Гарантерите на зоната на деескалација на судири во Идлиб, Русија и Турција моментално работат на тоа од регионот да се испорача телото на пилотот.
Одредени сириски извори претходно тврдеа дека е соборен авион на режимот на Башар ал-Асад.