Furkan Güldemir
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
ДОХА (АА) - Катар повторно ќе го испрати амбасадорот во главниот град на Иран, Техеран, кој беше повлечен во јануари 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Катар се вели дека оваа земја има за цел да ги зајакне односите со Техеран и дека амбасадорот кој беше повлечен од функцијата во јануари 2016 година повторно ќе биде на функција.
Не се наведени точни информации за тоа кога амбасадорот треба да отпатува во Техеран.
По нападот врз саудиските дипломатски претставништва во Техеран, Саудиска Арабија, Бахреин и Кувајт ги повлекоа амбасадорите од оваа земја, а подоцна тоа го направи и Катар.