Gözde Bayar
31 Март 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
ДОХА (АА) - Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, денеска, по отворањето на седницата, го напушти годишниот Самитот на Арапската лига кој се одржува во Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според катарската официјална новинска агенција (QNA), Тамим посакал состанокот да заврши со резултати во корист на арапските заедници.
Тамим преку телеграма му се заблагодарил на тунискиот претседател Беџи Каид Есебси за неговото гостопримство за време на неговиот престој во Тунис.
Според локалните медиуми во Тунис, раното напуштање на Тамим било најавено пред Самитот.
Тамим не присуствуваше на последниот Арапски самит во Ријад минатата година, по појавувањето на Заливската криза, откако Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа врските со Доха во средината на 2017 година, обвинувајќи ја за поддршка на терористички групи.