Barış Seçkin
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
РИМ (АА) - Премиерот на Малта, Џозеф Мускат изјави дека авионот на либиската „Африкија ервејз" слетал на аеродромот во Малта и дека безбедносните екипи се во приправност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со киднапираниот авион на либиската Африкија ервејз кој се обраќал на внатрешните линии во Либија и има 118 патници, изјава даде премиерот на Малта Мускат.
Преку социјалната мрежа Твитер, премиерот на Малта Мускат сподели порака во која напиша: „Информиран сум дека постои можност авионот кој е пренасочен кон Малта да е киднапиран. Безбедносните и итните екипи се во приправност.” Според информациите кои се објавени на страницата за воздухопловство „Flightradar24" се вели дека авионот од типот „Airbus 320" на либиската „Африкија ервејз" во кој има 118 патници и членови на екипажот кој се обраќал на релацијата Себха - Траблус, е пренасочен кон Малта.
Претставниците на полицијата преземале безбедносни мерки на аеродромот во Малта околу авионот кој чека на една од пистите. Досега не е спроведена ниту една операција насочена кон авионот.