Alma Dekovic
19 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Главниот град на Киев денес осамна под снежна прекривка, додека земјата се соочува со недостаток на струја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Утрово во Киев се измерени -7 степени Целзиусови, а снежни врнежи се прогнозираат и во наредните денови.

Украинските служби работат на повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија во земјата откако Русија последните денови изведе, според тврдењата на Украинците, тешки бомбардирања на цивилната инфраструктура.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во почетокот на ноември изјави дека најмалку 40 отсто од украинската енергетска инфраструктура сериозно е оштетена од почетокот на војната во февруари.
