Elena Teslova
19 Ноември 2022•Ажурирај: 20 Ноември 2022
МОСКВА (AA) - Девет лица, од кои 4 деца, загинаа во експлозија што се случи во петкатна станбена зграда на рускиот остров Сахалин, соопштија локалните власти, известува Агенција Анадолија (АА).
„Неколку луѓе се водат за исчезнати, веројатно се останати под урнатините“, објави гувернерот на Сахалин, Валериј Лимаренко, на социјалната мрежа Телеграм.
Според првичните информации, можно е несреќата да е предизвикана од експлозија на плинска боца.
Пожарот што избувна по експлозијата го изгасија околу 80 спасувачи кои работат на расчистување на урнатините.
Локалните власти ветија дека ќе им ја дадат сета потребна помош на загрозените.
Сахалин е најголем остров на Русија. Се наоѓа северно од јапонскиот архипелаг и дел е од Сахалинската Област. Островот Сахалин се наоѓа во Тихиот Океан, меѓу Охотското Море на исток и Јапонското Море на запад.
На островот живеат околу 490.000 луѓе.