Tevfik Durul
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 36 лица загинаа, а 13 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во градот Aнканг, во кинеската покраина Шанкси, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Синхуа објави дека автобусот кој превезувал 49 патници удрил во ѕид на влез во тунел.
Локалните власти изјавија дека повредените во несреќата се транспортирани во блиските болници.
Министерството за јавна безбедност на Кина започна истрага за несреќата.