Fuat Kabakcı
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
ПЕКИНГ
Во свлечиштето што се случи во југозападниот дел на Кина, бројот на загинати се искачи на 20, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската државна телевизија (CCTV) објави дека во село сместено во подрачјето на градот Гуејанг, во кинеската провинција Гуејџоу, бројот на загинати во свлечиштето, до кое дојде во вторникот вечерта, се искачил на 20 лица.
Спасувачките екипи ги откриле телата на две деца, две бебиња и една жена.
Од друга страна, по тридневните активности на спасувачките екипи, сè уште не е стигнато до 25 лица за кои се смета дека се наоѓаат под урнатините од свлечиштето.
Во тек се операции на спасувачките екипи во подрачјето зафатено од свлечиштето.
Свлечиштето урна 21 од 23 куќи во подрачјето во кое живееле вкупно 77 лица. Откриено е дека 21 лице биле надвор од местото зафатено од свлечиштето, а 11 лица се спасени.