Erbil Başay
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
БЕРЛИН
Во средата, рекордна температура од 42,6 степени Целзиусови е забележана во Германија во подрачјето на покраината Долна Саксонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошкиот завод на Германија соопшти дека на тоа подрачје во средата е измерена рекордна температура.
Температура од над 40 степени забележана е на подрачјето на Гајленкирхен. Претходно, највисоката измерена температура од 40,3 степени била измерена во подрачјето на Кицинген во 2015 година.
Многу земји од Европа ова лето се погодени од силен топлотен бран, а се очекува во некои од тие земји да бидат забележани највисоките температури во нивната историја.
Топлиот бран дојде од подрачјето на Северна Африка, а од него најмногу се погодени Германија, Белгија, Франција и Велика Британија.