Safvan Allahverdi
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во однос на системот за противвоздушна одбрана „S-400“, кој Турција го набави од Русија, истакна: „Може да бидат донесени повеќе санкции. Искрено сакаме системот „S-400“ да не се операционализира, тоа е нашата цел“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Помпео, за американскиот телевизиски канал „Блумберг“ даде изјава за системот „S-400“, што Турција го набави од Русија, и за можните санкции кон Турција.
Истакнувајќи дека продолжуваат оценките во однос на тоа прашање, Помпео рече дека е „неприфатлив чекор“ да се активира системот „S-400“ кој Турција почна да го набавува од Русија.
Наведувајќи дека во првата фаза овозможиле Турција да биде отстранета од проектот за борбените авиони „F-35“, нагласи: „Може да бидат донесени повеќе санкции. Искрено сакаме системот „S-400“ да не се операционализира, тоа е нашата цел.“
Помпео, потсетувајќи дека на Анкара веќе долго време ѝ е укажувано дека „S-400“ и „F-35“ се некомпатибилни, истакна: „Набавија еден дел од тој систем (S-400), Турција треба ова повторно да го разгледа.“
- „Ние го разгледуваме победничкиот пат“
Линдзи Грахам, висок сенатор на Републиканската партија, исто така во врска со темата даде писмена изјава преку својот твитер-профил.
„Како резултат на активирањето на системот „S-400“ од страна на Турција, ќе мора да најдеме начин за да се спречи нарушувањето на нашите односи. Во однос на Турција го разгледуваме победничкиот пат, а не патот што губи. Се надевам дека со нашиот сојузник Турција ќе преговараме за Договорот за слободна трговија за да воспоставиме посилна врска. Тоа ќе ги интегрира нашите економии и ќе значи добивка за двата народа“, истакна Грахам.