Ekipa
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
МАЈОРКА (АА) - Траектот кој пловеше преку Средоземното Море од францускиот град Марсеј го зафати пожар, поради што итно беше запрен кај шпанскиот остров Мајорка, соопштија шпанските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Итните служби јавуваат дека тројца патници се хоспитализирани, а дека 26 лица со полесни повреди поради вдишување на чад добиле лекарска помош на местото на настанот.
Шпанските медиуми јавуваат дека траектот со околу 500 патници пловел кон брегот на Алжир.