Ömer Aydın
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ПАРИЗ (АА) - Француски полицаец уби три лица, а потоа изврши самоубиство во инцидентот којшто се случи минатата ноќ во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил околу полноќ во северниот дел на париската населба Сарсел, а прелиминарните резултати од истрагата покажуваат дека инцидентот се случил поради семејни несогласувања.
Весникот „Le Parisien“ (Ле Парисиен) пишува дека полицаецот со службено оружје ги застрелал мајката и таткото на својата сопруга, а потоа пукал на соседите кои се обиделе да го спречат.
Инцидентот завршил откако полицаецот извршил самоубиство во дворот на куќата.
Во инцидентот убиени се таткото на сопругата и двајца соседи, додека мајката е хоспитализирана со повреди опасни по живот.