свет

Кинескиот претседател Си телефонски разговараше со Трамп

Си Ѓинпинг му кажал на Трамп дека Кина и САД „ќе имаат корист од соработка, a ќе изгубат од конфронтации“

Riyaz Khaliq Khaliq, Islam Uddin  | 07.11.2024 - Обновена : 07.11.2024
Кинескиот претседател Си телефонски разговараше со Трамп

АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг синоќа телефонски разговараше со Доналд Трамп за неговата победа на американските претседателски избори, јавува Анадолу.

Си Ѓинпинг му кажал на Трамп дека Кина и САД „ќе имаат корист од соработка, a ќе изгубат од конфронтации“, се вели во официјалната изјава објавена од кинеското Министерство за надворешни работи.

Тој истакнал дека двете земји треба правилно да менаџираат со меѓусебните разлики и „да најдат начин за меѓусебно собласување во новата ера“.

Стабилни, здрави и одржливи односи меѓу Кина и САД „се во заеднички интерес на двете земји и очекувањата на меѓународната заедница“, му кажал Си на новоизбраниот американски претседател.

„Се надеваме дека двете страни ќе ги поддржат принципите на заемно почитување, мирољубив соживот и соработка во корист на сите страни, ќе ги зајакнат дијалогот и комуникацијата, правилно ќе менаџираат со разликите, ќе ја прошират меѓусебната корисна соработка и ќе пронајдат правилен начин Кина и САД да се согласуваат во новата ера, од што ќе имаат придобивки и двете земји и светот“, рече Си.

Кинескиот потпретседател Хан Женг разговараше со Џеј Ди Венс, кој треба да стане потпретседател.

Републиканецот Трамп ја победи кандидатката на демократите, потпретседателката Камала Харис, во претседателската трка, обезбедувајќи 295 гласа на Електорски колеџ.

Порака со честитки до Трамп упати и индонезискиот претседател Прабово. Тој рече дека Индонезија и САД се „стратегиски партнери што споделуваат силна и повеќеслојна врска“.

„Нашето стратегиско партнерство има огромен потенцијал за заемна корист и со нетрпение очекувам тесна соработка со вас и вашата администрација за дополнитлно унапредување на ова партнерство и за глобален мир и стабилност“, порача претседателот преку социјалната мрежа X.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, австралискиот премиер Ентони Албанес и премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, исто така, телефонски разговараа со Трамп и му честитаа.

Малдивискиот претседател Мухамед Муицу рече дека островската држава споделува „силно партнерство засновано врз заемно почитување, добра волја и разбирање“ со САД.

„Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка, да одговориме на меѓусебните предизвици и да работиме на унапредување на глобалниот мир и просперитет“, додаде тој.

Премиерот на Камбоџа, Хун Манет, исто така, прати писмо со честитки до Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.