Израел потпиша договор за набавка на напредни борбени авиони Ф-15 вреден 5,2 милијарди долари
Испораката на авионите ќе започне во 2031 година, а годишно ќе се испорачуваат од четири до шест авиони
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израел, кој продолжува со нападите врз Газа и Либан, денес соопшти дека потпишува договор за купување 25 борбени авиони Ф-15 од следната генерација во износ од 5,2 милијарди долари од американскиот авијациски гигант Боинг, пренесува Анадолу.
Министерството за одбрана истакна дека договорот, потпишан вчера, е дел од поширокиот пакет помош одобрен претходно оваа година од американската администрација и Конгресот и вклучува опција за дополнителни 25 авиони.
Авионите ќе бидат „опремени со најсовремени системи за оружје“ и интегрирани со напредни израелски технологии, се истакнува во соопштението.
Според Министерството, надградениот авион ќе им помогне на воздухопловните сили „да ја одржат својата стратегиска супериорност во справувањето со сегашните и идните предизвици на Блискиот Исток“.
Испораката на авионите ќе започне во 2031 година, а годишно ќе се испорачуваат од четири до шест авиони.
Во израелските напади врз Газа од упадот на Хамас на 7 октомври 2023 година загинаа над 43.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.
Воената офанзива се прошири и во Либан, каде што во израелските воздушни и копнени напади загинаа повеќе од 3.000 луѓе од почетокот на војната во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.