Ahmet Emin Dönmez
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ЈАУНДЕ (АА) - Најмалку 60 лица загинаа откако воз излета од шините во провинцијата Луалаба во Демократската Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, товарниот воз што тргнал од округот Лубуди во провинцијата Луалаба, излетал од шините движејќи се во правец на Лубумбаши.
Сè уште не е позната причината за излетувањето на возот од шините. Во несреќата животот го загубија 60 лица, а голем број лица се повредени.
Повредените се префрлени во болницата во регионот Лубуди.
Во тек се спасувачки акции на местото на несреќата, а локалните официјални претставници изјавија дека се загрижени поради можноста за зголемување на бројката на загинати.
Иако таквата практика е забранета во оваа африканска земја, честопати и товарните возови превезуваат патници.