Aysu Biçer
12 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
АНКАРА (АА) - Дојче банк АГ е во процес на повлекување од работењето во Русија, соопшти оваа банка, известува Агенција Анадолија (АА).
Дојче банк со седиште во Франкфурт доцна синоќа им се приклучи на банките од Вол стрит, како што се Голдман Сакс и Џеј Пи Морган во ограничувањето на активностите и работењето во Русија поради војната на Москва против Киев.
„Во согласност со нашите законски и регулаторни обврски, во процес сме на затворање на нашето преостанато работење во Русија, додека им помагаме на нашите неруски мултинационални клиенти во намалувањето на нивното работење. Нема да има никакви нови активности во Русија“, се наведува во соопштението.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), најмалку 564 цивили се убиени, а 957 се ранети во Украина од почетокот на војната на 24 февруари.
Агенцијата за бегалци на ОН објави дека повеќе од 2,5 милиони лица ја напуштиле Украина и избегале во соседните земји, а околу 2 милиони се раселени во Украина.