Recep Şakar
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
МЕЛБУРН (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, истакна дека е формирана Кралска комисија за истрага, со цел истражување на терористичкиот напад во градот Крајстчрч, во којшто загинаа 50 лица, а 50 лица беа повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Радио „Нов Зеланд“ (RNZ), премиерката Ардерн по состанокот на Советот на министри нагласила дека Кралската комисија за истрага ќе го истражува терористичкиот напад извршен врз џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч.
Ардерн потсети дека постојат граѓаните на Нов Зеланд и загрижените муслимански заедници кои поставуваат праведни прашања околу тоа како се случи овој терористички напад.
„Кралската комисија за истрага ќе го истражува тоа што може и треба да се направи за да се спречат нападите“, додаде таа.
Ардерн рече дека оваа комисија ќе ги истражува Владината служба за безбедност на комуникацијата (GSCB), Службата за безбедност и разузнавање (SIS), полицијата, царината, како и другите надлежни институции, и рече: „Нашиот план е да овозможиме Нов Зеланд да биде безбеден, и никогаш повторно да не се повтори такво нешто“.
Премиерката на Нов Зеланд нагласи дека Кралската комисија за истрага за 2-3 недели ќе го заврши извештајот.
Од друга страна, Симон Бриџис, лидерот на Националната партија која се наоѓа во главната опозиција во Нов Зеланд, истакна дека ја поддржуваат иницијативата безбедносните и разузнавачките служби да бидат истражувани од страна на Кралската комисија за истрага.
Кралската комисија, која е највисокиот орган за вршење истрага во земјата, се состои од членови кои се назначуваат од страна на генералниот гувернер.
По завршување на извештајот, оваа комисија што ги истражува пропустите во државните институции, го поднесува извештајот до генералниот гувернер, а потоа до Парламентот.