Dildar Baykan Atalay
23 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да посегне по нуклеарно оружје доколку увиди „егзистенцијална закана“ за неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков во текот на гостувањето во емисијата на новинарката Кристијан Аманпур на телевизијата „Си-ен-ен“ (CNN) зборуваше за руско-украинската војна.
На прашањето под кои услови рускиот претседател Путин би ги искористил нуклеарните капацитети, Песков рече дека тоа би се случило во случај на егзистенцијална закана за Русија.
„Ако постои егзистенцијална закана за нашата земја, тоа би можело да се случи“, рече Песков.
На прашањето дали Путин досега ги постигнал своите цели во Украина, Песков рече дека тоа не се случило.
„Сѐ уште не. Тој сѐ уште не ги постигнал своите цели“, додаде портпаролот на Кремљ.
Војната во Украина ја нарече „специјална воена операција“.
„Нашата операција се одвива според однапред одредени планови и цели“, нагласи Песков.