Ali H. M.Abo Rezeg
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
КУВАЈТ (АА) - Националното собрание на Кувајт денес го усвои нацрт-законот за примање на лицата без државјанство во Aрмијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува државната новинска агенција КУНА (KUNA), нацрт-законот беше одобрен со 44 гласови за, 5 против и еден воздржан.
Минатиот април, шефот на кувајтскиот Генералштаб им дозволи на лицата без државјанство, познати како „бедун“, да се придружат на копнените и воздушните сили на таа заливска земја.
Министерот за одбрана Шеик Мухамед ал-Халид ал-Сабах изјави дека само лицата без државјанство чии татковци служеле во армијата ќе им биде дозволено да им се придружат на армиските сили.
Според официјалните проценки, во Кувајт има околу 96.000 лица без државјанство.
Лицата без државјанство се сметаат за илегални мигранти во заливската земја.