Emre Gürkan Abay
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
МОСКВА (AA) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека неземањето предвид на пристапот на Турција кон различните курдски групи во Сирија, претставува гледање на работите во тесна перспектива, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сега ги видовме последиците од тесната перспектива“, тврди министерот Лавров.
На прес-конференцијата со белгискиот колега Дидиер Рејндерс во главниот град Москва, Лавров ги обвини САД за преземање унилатерални чекори што претставува закана за територијалниот интегритет на Сирија.
Лавров тврди дека САД планираат да останат во Сирија долго време, а можеби и засекогаш. „САД сакаат да останат во Сирија додека не се формира стабилен политички процес, кој ќе биде прекинат со прифатлива промена на моќта за сите. Ова истовремено значи промена на режимот", рече тој.
Рускиот министер ги обвини САД за преземање унилатерални чекори што го загрозуваат територијалниот интегритет на Сирија, велејќи: „Мислам дека САД чекори кон изградба на државна структура од истокот на Еуфрат до границата на Ирак".
Осврнувајќи се на акциите на САД на северот во Сирија, Лавров рече:
„САД и покрај неодобрувањето на овие планови од Турција, воспостави гранични сили и дава голема финансиска помош на СДГ (ПЈД/ПКК). Знаеме за пристапот на Турција кон различните курдски групи. Ова може различно да се оцени, но овој пристап е реалност и ако целосно се игнорира тоа ќе биде тесна перспектива. Го видовме и резултатот од гледањето на работите во тесна перспектива со примерот на Африн“.
Лавров наведе дека тие не се против тоа Курдите да учествуваат во процесите за политичко решавање во Сирија, велејќи дека Курдите се составен дел на сириското општество.