Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Levent Tok
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Сириската опозициска војска зароби најмалку 400 терористи на ДЕАШ, за време на судирите со членовите на организацијата кои преку коридорот кој им ги отвори режимот на Асад се обидува да се влезе во зоната на деескалација на судирите во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на новинарот на АА од регионот опозициската војска започна операција со која ги запре терористите на ДЕАШ кои од регионот под контрола на силите на Асад се обидуваат да пробијат до Идлиб.
Исто така се се дознава дека 12 опозициски групи како дел од операцијата наречена „отфрлање на окупаторот", неутрализираа голем број членови на ДЕАШ во регионите источно и јужно од Идлиб, со што на ДЕАШ му е зададен тежок удар.
Портпаролот на заедничката операција на опозициските сили, Наџи Абу Хузејфе, за АА изјави дека операцијата продолжува.
„За време на денешните акции заробивме 400 членови на ДЕАШ, меѓу кои околу 80 беа повредени", рече Хузејфе.
Тој додаде дека во операцијата биле вклучени околу 2.000 припадници на опозициските групи.
„Прво, формиравме одбрамбени линии, потоа го запревме пробивањето на терористите на ДЕАШ. Потоа ги нападнавме. Презедовме контрола над селата Ум Халахил, Хувејин и Ард Зерзур, јужно од Идлиб", рече Хузејфе, потсетувајќи дека конфликтите во овој регион се интензивираа во текот на изминатите неколку дена.
Режимот на Асад и терористите на ДЕАШ долго време спроведуваат тактичка соработка против опозицијата во зоната на деескалација на судирите во Идлиб .
Режимот во октомври 2017 година го отвори патот на терористи на ДЕАШ преку Хунајфи, источно од Хам, за да дојдат до регионите во овој град, кои се под контрола од страна на опозицијата.
ДЕАШ и режимот на Асад, движејќи се во координација, и благодарение на поддршката на Русија направија значителен напредок против опозициските групи.