Cankut Taşdan
03 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турските војници им поделија подароци на децата во едно основно училиште во подрачјето ослободено со операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека за учениците од Основното училиште „Кафр Насих“ во Сирија, обезбедени се училишни чанти, канцелариски материјали и облека.
„Турските војници кои претставуваат пример за целиот свет во однос на хуманитарната помош за угнетените лица, продолжуваат да ги насмевнуваат лицата на децата од регионот на Извор на мирот“, се вели во соопштението на Министерството објавено на неговите профили на социјалните мрежи.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).