Velid Duken,Said İbicioğlu
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
СИРТ (АА) - Во антитерористичка акција на силите лојални на либиската Влада на националното единство во Сирт (NUG), во западниот дел од земјата, загинаа 12 војници, а 40 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите беа насочени против терористичката организација ДАЕШ.
Портпаролот на болницата Мисрата Абдулазиз Иса за АА рече дека во болницата се донесени 12 тела на загинати војници, а 40 беа повредени.
Иса изјави дека во болницата има проблем поради недостиг на медицинска опрема и ја повика меѓународната заедница да дадат поддршка.
Од друга страна, во соопштението на NUG се наведува дека по синоќешниот судир со терористите е воспоставена целосна контрола.
Пред еден месец, силите лојални на влада на националното единство на претседателскиот совет на Либија започна голема операција против ДАЕШ.
Центарот на Сирт е под контрола од страна на терористите на ДАЕШ, а силите на националната влада ги контролираат помалите места на околу 10 километри јужно и западно од градот.
NUG и претходно организира акции против терористите северно од градот, кој од јануари 2015 година е под контрола на ДАЕШ.