Esra Tekin
23 Јули 2025•Ажурирај: 24 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, вчера повика на блокирање на напорите на Турција за купување на борбените авиони „Еурофајтер тајфун“ од Велика Британија и Германија, тврдејќи дека Турција сака да постигне паритет со Израел во воздушниот простор, јавува Анадолу.
Обвинувајќи ја Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не го спречила договорот, Лапид, лидерот на главната опозициска партија во Израел, Јеш Атид, рече:
„Доколку Израел имаше функционално Министерство за надворешни работи или нормална Влада, новиот договор за продажба на авионите „Еурофајтер тајфун“ на Турција од страна на Германија и Велика Британија веќе ќе беше блокиран“.
Тврдејќи дека купувањето на авионите „Еурофајтер“ од страна на Турција би било „опасно за Израел“, тој рече: „Турција има најголема и најмоќна поморска флота на Блискиот Исток и сега има за цел да постигне паритет со Израел во воздушниот простор. Ова е опасна ситуација, а нашата нефункционална Влада дозволи овој договор да напредува и не направи ништо за да го спречи“.
Анкара ги продолжува разговорите со Велика Британија и Германија за набавка на авионите „Еурофајтер“ и процесот напредува позитивно.