Ekip?
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
ЕРЕВАН (АА) - Ерменскиот Парламент го избра лидерот на опозицијата, Никол Пашинјан, за нов премиер на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пашинјан беше избран за премиер по три недели на протести и политичка криза.
За неговиот избор гласаа 59 членови на Парламентот, а 49 беа против.
Пашинјан беше единствениот кандидат за премиер, а за него гласаше и Републиканската партија, која има мнозинство во Парламентот.
Десетици илјади граѓани го поздравија изборот на новиот премиер на централниот плоштад на ерменскиот главен град Ереван.
Многу од нив веруваат дека со изборот на премиерот Пашинјан ќе се сврти нова страница во земјата.