Zehra Ulucak
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АНКАРА (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е во кома и некои од овластувањата ги пренел на неговата сестра Ким Јо Јонг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Њујорк пост“ (New York Post) базирани на јужнокорејските медиуми, Чанг Сонг Мин, кој работел како советник на еден од поранешните претседатели на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, истакна дека здравствената состојбата на лидерот на Северна Кореја, кој не учествувал на важни настани оваа година е лоша.
„Претпоставувам дека [Ким] е во кома, но сепак е жив“, истакнa Чанг Сонг Mин.
Велејќи дека сестрата на Ким, Ким Јо Јонг е подготвена да помогне во раководењето со земјата, Чанг рече: „Не е создадена комплетна наследничка структура, така што Ким Јо Јонг предничи.“
Тврдењата на Чанг дојдоа откако раководните лица на разузнавањето во Јужна Кореја соопштија дека 33-годишната сестра на Ким, иако не е назначена како наследник, веќе е де факто „втор лидер“.
Претходно, во април, за лидерот на Северна Кореја Ким се шпекулираше дека е во лоша здравствена состојба, дури и дека е починат.