Ali Cura
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 16.448, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 961.493, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.744 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 961.493.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 65 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 16.448.
Оздравеа уште 2.456 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 773.095 лица.
Во Русија направени се над 34,6 милиони тестирања за Ковид-19.