İnci Gündağ
04 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) - На познатиот Лондонски мост вечерва комбе возело во правец на пешаците кои се наоѓале на мостот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува лондонската полиција, полициските екипи и возилата на итна помош се наоѓаат на местото на настанот. Не дадоа повеќе податоци, меѓутоа, на социјалните мрежи се наведува дека возач со брзина од 80 километри на час возел кон пешаците.
Од лондонската Брза помош наведоа дека интервенираат на Лондонскиот мост и дека ги предупредија граѓаните да не одат таму.
Полицијата поради големиот настан, како што е наведено, го затвори мостот за сообраќај.
Лондонскиот мост е едно од напосетуваните туристички места на британската престолнина. Властите сеуште не дадоа официјални информации за мртви или повредени лица.