Ekip
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ЛОНДОН (АА) - Маж кој возеше автомобил со кој удри во верници во близина на џамијата во Лондон, убивајќи едно лице и повредувајќи десет други, е осуден денес на доживотен затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судијката Боби Чема-Груб изјави дека осомничениот Дарен Осборн е отруен со идеите на крајната десница. Таа на 48 годишниот Осборн му изрече казна доживотен затвор без можности за условно пуштањена слобода најмалку 43 години.
Осборн е осуден за убиство и обид за убиство во напад извршен во јуни 2017 година во лондонската населба Финсбури парк.
Во нападот е убиен 51 годишниот Макрам Али, додека 12 лица се повредени. Осборн со комбето кое го изнајмил, се забил во луѓе кои излегле по вечерната молитва за време на рамазан.
Обвинителите за време на сослушувањето истакнаа дека Осборн бил мотиривиран со омраза кон муслиманите и дека радикализиран преку интернет со екстремно десничарската и исламогобична пропаганда.